ИНСТАТ: Над 7,5 милиони странски туристи ја посетиле Албанија минатата година

Од:

Според албанскиот институт за статистика, ИНСТАТ, бројот на странски државјани кои влегле во Албанија во текот на минатата година изнесува 7.543.817, што е зголемување за 32,6 отсто во однос на претходната година.

– Од друга страна бројот на албански државјани кои патувале надвор од земјата во 2022 година изнесува 5.882.007, што бележи зголемување од 40,4 отсто во однос на претходната година, наведува ИНСТАТ.

Повикувајќи се на податоците, во текот на 2022 година, најголем раст има кај туристите од Шпанија со 3,6 пати и Англија со 85,9 отсто, а најмал раст има Швајцарија со 14,3 отсто во споредба со 2021 година.

– Околу седум милиони странци како причини за посетата навеле дека се годишните одмори или средби со роднини, а над 106.000 патувале службено, јави државната агенција АТА.

Бројот на граѓани што користење авионски превоз е зголемен за 71,5 отсто, во однос на истиот период пред една година, поморскиот сообраќај бележи раст од 42,6 отсто, додека фреквенцијата на копнените гранични премини е зголемена за 27,9 отсто.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Еди Рама повторно победник на изборите во Албанија

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Честитка од Ахмети до Албанија: Нема потреба да се споменува очајот што Северна Македонија денеска не е заедно со вас

Катерина Ѓуровски