Повеќе новинари умираат во Латинска Америка и Карибите отколку во Украина

Од:

Минатата година во Латинска Америка и на Карибите беа убиени повеќе новинари отколку каде било во светот, вклучувајќи ја и украинската воена зона, соопшти Комитетот за заштита на новинарите.

Во извештајот објавен во вторник, се наведува дека на глобално ниво најмалку 67 новинари и медиумски работници биле убиени во 2022 година, што е значително повеќе од претходната 2021 година кога загинаа 45 лица.

Речиси половина од минатогодишните убиства се случија во Латинска Америка и на Карибите, каде беа убиени најмалку 30 новинари, меѓу кои и долгогодишниот соработник на британскиот „Гардијан“ Дом Филипс.

Филипс беше убиен минатиот јуни додека ги собирал и документирал напорите на домородните луѓе да го заштитат бразилскиот дел од дождовната шума во Амазон. Неговите наводни убијци допрва треба да бидат изведени пред лицето на правдата, иако полицијата во понеделникот го именуваше наводниот организатор на злосторството.

„Тоа е неверојатен број на луѓе. Најголем што некогаш сме ја забележале во регионот“, изјави програмскиот директор на Комитетот за заштита на новинарите со седиште во Њујорк, Карлос Мартинез де ла Серна, објави Гардијан.

Во извештајот на Комитетот се вели дека зголемениот број убиства во Латинска Америка и Карибите го одразува „големиот ризик со кој се соочуваат новинарите во регионот кога покриваат теми како што се криминалот, корупцијата, насилството од бандите и животната средина“.

Би можело да ве интересира

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Почина Исуф Кадриу, дописник на РСЕ од Скопје

Предраг Петровиќ

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

A1on

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on