Г7 и партнерските земји ветија дека ќе ја продолжат својата поддршка за енергетскиот сектор на Украина

Од:

Групата Г-7 и другите партнерски земји денеска се обврзаа дека ќе продолжат да го поддржуваат енергетскиот сектор на Украина, вклучително и со снабдување опрема и друга хуманитарна помош во текот на зимата. Ова го соопшти американскиот Стејт департмент, по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од групата.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и јапонскиот министер за надворешни работи Јошимаса Хајаши беа домаќини на виртуелната дискусија, каде што земјите, исто така, ветија дека ќе продолжат да ги усогласуваат напорите за „модернизација и декарбонизација на енергетската мрежа“ на Украина, истакна Стејт департментот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков