Во РЕК Битола нема дефект на Блок 1, ниту било какви други сериозни проблеми на некоја од постројките велат од АД ЕСМ во реакцијата на тврдењата од ВМРО-ДПМНЕ дека поради дефет Блок 1 од РЕК Битола е надвор од мрежата.
– Блок 1 на РЕК Битола е плански исклучен од мрежа заради повеќе интервенции на различни позиции во постројката. Предвидено е активностите да завршат до сабота и викендов Блок 1 повторно да биде ставен во функција. Активностите се преземени плански токму деновиве бидејќи сите останати капацитети на АД ЕСМ се во погон и произведуваат електрична енергија со која во целост се задоволуваат потребите на домаќинствата, на малите потрошувачи и на останатите капацитети согласно владините задолженија се вели во демантот од ЕСМ.