Во Љубљана убиен маж, напаѓачот e во бегство

Од:

Во Љубљана е убиен 34-годишен маж, а полицијата уште трага по сторителот, јавуваат словенечките медиуми. Убиецот е висок околу 170 сантиметри, облечен во темна облека и маскиран. Тој побегнал пеш од местото на настанот.

На местото на злосторството полицијата пронашла поголема сума пари. Убиениот 34-годишник од Љубљана не бил случајна мета бидејќи врз него било пукано во април 2020 година.

Како што рече на прес-конференција претставникот за односи со јавност Александра Голец, полицијата била известена за инцидент во месноста Вич вчера околу 15 часот.

Застреланиот лежел на сред улица, a маскираниот сторител наводно подолго време ја чекал жртвата.

Би можело да ве интересира

Го убиле и го запалиле телото за да му украдат 6000 денари, притвор за браќата од Луке

Катерина Ѓуровски

Ѓорчевски: Во моментот кога го одземале животот на Вања, го одзедоа и мојот живот

Предраг Петровиќ

Уапсени за убиството во селото Луке, двајца го ликвидирале и запалиле соседот

(ВИДЕО) Сестрата на Теодора: Само две години за тој што ја уби, колку вреди животот во Македонија

Блокиран град во Германија, поставени барикади, се бара опасен убиец: Пронајдени три тела во куќата

Тројца мажи од кривопаланечкото село Луке убиле соселанец, па го закопале во дупка