Крис Хипкинс ќе ја замени Џасинда Ардерн на функцијата премиер на Нов Зеланд откако стана единствениот кандидат за раководството на Лабуристичката партија.
Пред да стане премиер, Крис Хипкинс беше министер за полиција, образование и јавни услуги на Нов Зеланд, пишува Данас.
Тој беше избран за првпат во парламентот во 2008 година, а за министер за ковид-19 беше назначен во ноември 2020 година.
Во шокантното соопштение на Ардерн во четвртокот, таа рече дека нема „доволно во резервоарот“ за да води.
Џасинда Ардерн ја објави својата оставка како премиер на 19 јануари.
Времето што Хипкинс ќе го помине како премиер е неизвесно бидејќи Нов Зеланд оди на избори во октомври годинава.