СДСМ: Мицкоски вергла, заглавен во сопствените лаги

Од:

Мицкоски е заглавен во сопствените лаги кои се обидува да ги препокрие со пласирање нови. Тоа е очајно и само говори за неговиот слаб капацитет. Мицкоски вергла исплашен за својата фотелја во Белиот дворец велат од СДСМ.

– Сам си е виновен Мицкоски. Велеше дека кон крајот на јануари ќе има 61 пратеник за распуштање на Собранието а се покажа дека тоа е уште неговата лага и ништо повеќе. Нема закани врз пратеници, ниту пак има доволен број пратеници за распуштање на Собранието. СДСМ и претседателот Ковачевски продолжуваат со работа за граѓаните, за да осигураат дека оваа зима ќе биде пребродена успешно, во услови на глобална криза, дека никој нема да биде оставен сам како и досега, а закрепнувањето на економијата ќе го почуствуваат граѓаните што поскоро се наведува во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ