Најмалку 20 лица загинаа во лавина во градот Нингчи во Тибет, а осум лица сè уште се водат како исчезнати, јавија локалните медиуми.
Пронајдени се 53 преживеани, од кои пет се тешко повредени, јави Глобал Тајмс, цитирајќи претставник на локалната власт во западниот кинески регион.
Лавината се случила на дел од патот меѓу селото Паи во округот Мејнлинг и излезот од тунелот Доксонг Ла во округот Медог околу 20 часот во вторникот.
Извор: МИА