Манчестер Сити го испрати Герет Бери на една сезона во Евертон.
Непосредно пред затворањето на трансфер прозорецот клубот од Ливерпул го купи Џејмс Мекарти од Виган и го привлече Ромелу Лукаку од Челзи за изнајмување.
Во последен момент, пак, од стадионот “Гудисон Парк” замина белгискиот репрезентативец Маруан Фелаини, кој беше продаден на Манчестер Јунајтед за 27.5 милиони фунти.