Тунберг по приведувањето во Германија: Заштитата на климата не е кривично дело

Од:

Климатската активистка Грета Тунберг е ослободена, откако заедно со други активисти беше приведена за време на протестот против уривањето на село во Германија поради проширување на рудник за јаглен, соопшти полицијата.

По ослободувањето, таа реагираше преку објава на Твитер. „Вчера бев дел од група која мирно протестираше против проширувањето на рудниците за јаглен во Германија. Полицијата не собори на земја, а потоа не приведе, но нè ослободи подоцна истата вечер“, напиша Грета Тунберг на својот Твитер профил.

„Заштитата на климата не е кривично дело“, додаде таа.

Грета беше меѓу групата демонстранти кои беа приведени вчера за време на протестот против ископ на јаглен во рудник во близина на германското село Лицерат.

Шведската активистка од минатата недела неколку пати се појавуваше на протестот во регионот Лицерат, по одлуката таму да започне ископување лигнит.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: И го грабна микрофонот на Грета Тунберг, не сакал да слуша за Палестина на климатски протест

(ВИДЕО) Полицијата во Лондон ја уапси Грета Тунберг

Горан Наумовски

Грета Тунберг ја обвини елитата на Давос дека ја става „корпоративната алчност“ над луѓето и планетата

А1он

ВИДЕО: Приведена Грета Тунберг

Ана Ололовска

Тунберг на протест во Глазгов: КОП26 е неуспех

А1он

Грета Тунберг незадоволна од планот на ЕУ за економско закрепнување

Жарко Настоски