Тунберг на протест во Глазгов: КОП26 е неуспех

Од:

Илјадници млади активисти предводени од Грета Тунберг денеска учествуваа на протестен марш низ улиците на Глазгов, на кој испратија барање до светските лидери на конференцијата на Обединетите нации за итно и драстично намалување на емисиите со цел справување со климатските промени.

Би-Би-Си јави дека климатските активисти Грета Тунберг и Ванеса Наката го воделе денешниот марш од десетици илјади луѓе во Глазгов како дел од движењето „Петок за иднината“.

Климатските активисти не се задоволни од ветувањата дадени од лидерите на 120 земји на најважниот Самит КОП26 на ОН претходно оваа недела, а Грета Тунберг на митингот во Глазгов рече дека е потребно „итно и драстично“ намалување на емисиите со цел справување со климатските промени.

– Не е тајна дека КОП26 е неуспех. Треба да биде очигледно дека не можеме да ја решиме кризата со истите методи кои не воведоа во неа. Итно ни треба драстично намалување на годишните емисии што светот досега не ги видел, нагласи Тунберг.

Маршот го организираше шкотскиот огранок на „Петок за иднината“, група основана од млади луѓе инспирирани од училишните штрајкови на Грета Тунберг и е еден од најголемите протести за време на самитот КОП26.

Активисти од неколку други земји, вклучувајќи ја и Ванеса Наката, исто така одржаа говори за тоа како климатските промени веќе влијаат на нивната животна средина.

Би можело да ве интересира

Светска банка ќе поддржи макроекономски и климатски реформи во Македонија со заем во вредност од 93,8 милиони евра

ВИДЕО: И го грабна микрофонот на Грета Тунберг, не сакал да слуша за Палестина на климатски протест

(ВИДЕО) Полицијата во Лондон ја уапси Грета Тунберг

Горан Наумовски

ВИДЕО: Паѓаат температурни рекорди во светот, горат Европа, Америка и Азија

Катерина Ѓуровски

Шокантна снимка: Камионџија полуде, почна да тепа и да гази активисти на пат

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) На Европа и се заканува нова голема криза: Доаѓа екстремно сушно лето, цели региони страдаат за вода

Катерина Ѓуровски