Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изрази сочувство за жртвите од хеликоптерската несреќа кај Киев.
„Трагедија во срцето на Украина, земја распарчена од војна. Изразувам искрено сочувство до семејствата на жртвите, украинскиот претседател Зеленски и целата земја по хеликоптерската несреќа кај Бровари“, објави Фон дер Лајен на Твитер.
Tragedy strikes at the heart of war-torn Ukraine.
I express my heartfelt condolences to the families of the victims, @ZelenskyyUa and the entire country following the helicopter crash at #Brovary.
We are mourning with you.
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) January 18, 2023
„Ние тагуваме со вас“, додаде претседателката на Европската комисија.