ВИДЕО: Романската полиција му ги заплени сите луксузни возила на Ендрју Тејт

Од:

Романските власти објавија дека заплениле четири милиони евра стоки и готовина како дел од истрагата за наводна трговија со луѓе што доведе до апсење на контроверзниот инфлуенсер, поранешен професионален кикбоксер Ендрју Тејт.

Националната агенција за управување со конфискуван имот минатата недела го презеде управувањето со 29 движни средства, меѓу кои луксузни возила и скапи часовници, како и готовина во различни валути, се вели во соопштението објавено доцна синоќа.

Репортерот на Ројтерс пишува дека видел неколку автомобили, меѓу кои Ролс Ројс, БМВ и Мерцедес-Бенц, како се возат од имотот на Тејт на периферијата на главниот град Букурешт, по што биле ставени во специјален складиште.

Ендрју Тејт, неговиот брат беа уапсени на 29. декември под обвинение дека формирале криминална група која сексуално експлоатирала шест жени. Двајцата остануваат во притвор откако апелацискиот суд во Бугирешт им ја одби жалбата за 30-дневниот притвор.

Ендрју Тејт, поранешен натпреварувач во британското реално шоу „Големиот брат“, стана познат по своите мизогенски изјави и говорот на омраза. Поради неговите изјави, тој беше забранет од сите поголеми социјални медиуми, иако неговиот Твитер профил беше реактивиран во ноември откако платформата ја купи Илон Маск.

Тејт има американско и британско државјанство, а меѓу другото рече дека жените се делумно одговорни за силувањето и дека им припаѓаат на мажите.

Би можело да ве интересира

Ендрју Тејт обвинет за силување и за трговија со луѓе

Британка го обвини Тејт за силување: „Ме гушеше додека не се онесвестив, а потоа продолжи…“

Ана Ололовска

Три жени го обвинија Ендрју Тејт дека ги силувал и злоставувал

Ана Ололовска

Започнува судењето на Ендру Тејт, обвинет е за силување, трговија со луѓе и организиран криминал

Ана Ололовска

ВИДЕО: Контроверзниот Ендрју Тејт уапсен во Романија за силување и за трговија со луѓе

Катерина Ѓуровски