Три жени го обвинија Ендрју Тејт дека ги силувал и злоставувал

Од:

Три жени планираат да го тужат контроверзниот инфлуенсер Ендрју Тејт за наводно силување и злоупотреба. Тврдат дека трпеле физички и психички последици кои ги спречувале неколку години да работат или да живеат нормален живот. Тие прво се пожалија во полиција пред осум години, но велат дека детективите не ги истражиле соодветно наводите пред да го отфрлат случајот.

„Гледајќи ја популарноста и влијанието на Ендрју Тејт како расте, иако знаевме кој е тој и што направил, беше исклучително тешко за нас кои беа сексуално и физички малтретирани од него. Имаме намера да докажеме на суд дека Ендрју е навредлив… и дека неговите јавни изјави за жените не се ништо повеќе од фантазија“, изјавила една од жените.

Жените, во доцните 20-ти или раните 30-ти, работеле како модели за Тејт во Лутон од 2013 година наваму и тврдат дека биле малтретирани, недоволно платени и им се заканувале дека ќе ги спречат да одат во полиција, пишува Sky News.

„Нивните наводи вклучуваат силување, сексуални и физички напади, вклучително и држење пиштол во главите, давење со појас, наводи за најгрозоморни дејствија против жените“, рече нивниот адвокат Мет Јури.

Тејт ги негираше нивните обвинувања и преку својот адвокатски тим рече дека „сакале пари бидејќи тој ги отпуштил“. Полицијата во Хертфордшир почна да ги истражува наводите на жените во 2015 година и три пати го уапси Тејт под сомнение дека силувал две жени и нападнал трета. Случајот е отфрлен по четири години, а полицијата се извини за бавната истрага.

Би можело да ве интересира

Ендрју Тејт обвинет за силување и за трговија со луѓе

Британка го обвини Тејт за силување: „Ме гушеше додека не се онесвестив, а потоа продолжи…“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Романската полиција му ги заплени сите луксузни возила на Ендрју Тејт

Започнува судењето на Ендру Тејт, обвинет е за силување, трговија со луѓе и организиран криминал

Ана Ололовска

ВИДЕО: Контроверзниот Ендрју Тејт уапсен во Романија за силување и за трговија со луѓе

Катерина Ѓуровски