Ендрју Тејт обвинет за силување и за трговија со луѓе

Од:

Контроверзниот инфлуенсер Ендрју Тејт е обвинет во Романија за силување, трговија со луѓе и формирање на организирана криминална група за сексуална експлоатација на жени.

Обвинети се и неговиот брат Тристан и двајцата соработници. Сите ги отфрлија обвинувањата, јавува Би-Би-Си.

Браќата Тејт беа уапсени во нивната куќа во Букурешт во 2022 година, додека на 31 март беа префрлени во домашен притвор по одлука на романски судија.

Во обвинението доставено до судот во Букурешт, се наведува дека четворицата обвинети во 2021 година формирале организирана криминална група за шверц на луѓе во Романија, но и во други земји, меѓу кои и САД и Британија.

Именувани се седум жртви за кои се вели дека биле намамени од браќата на Тејт со лажни ветувања за љубов и брак.

Судењето се очекува да трае неколку години.

Би можело да ве интересира

Британка го обвини Тејт за силување: „Ме гушеше додека не се онесвестив, а потоа продолжи…“

Ана Ололовска

Три жени го обвинија Ендрју Тејт дека ги силувал и злоставувал

Ана Ололовска

ВИДЕО: Романската полиција му ги заплени сите луксузни возила на Ендрју Тејт

Започнува судењето на Ендру Тејт, обвинет е за силување, трговија со луѓе и организиран криминал

Ана Ололовска

ВИДЕО: Контроверзниот Ендрју Тејт уапсен во Романија за силување и за трговија со луѓе

Катерина Ѓуровски