Костовски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваат општините и ги ставаат во заложништво на големите компании

Од:

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во најголем дел од општините кои ги раководат, работат неодговорно, нефункционално, ги партизираат општините, ги покачуваат цените на услугите, ги задолжуваат граѓаните и општините ги ставаат во заложништво рече на прес конференција пратеникот на СДСМ Мартин Костовски.

– Најнов пример е градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски, кој започна постапка за задолжување на општината со долгорочна денарска обврзница од 5,4 милиони евра. Муцунски успеа за само една година, Аеродром од најбогата општина во државата, да ја претвори во општина која тоне во долгови, на која и е потребно задолжување. Исто така, не е јасно колкави ќе бидат каматите за задолжувањето и постои ризик сметката на општината да биде блокирана во следните 10 години. Не е јасно ниту кој ќе ја купи обврзницата, дали тоа може да биде некоја голема градежна фирма, која после ќе диктира промена на детални урбанистички планови во нејзина корист и на тој начин општината ќе стане нејзин заложник вели Костовски.

спред него со ова задолжување ниту еден проблем во Аеродром не се решава трајно.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме