Гасовод што ги поврзува Литванија со Летонија експлодира во областа Пасвалски во Литванија.
Според првичните информации нема повредени, јави порталот ЛРТ повикувајќи се на полицијата.
🚨ALERT🇱🇹🇱🇻 Massive Fire caught on video from the blast from the gas pipeline connecting Lithuania and Latvia
Public broadcaster LRT reports that the entire town of Pasvalys, located in northern Lithuania, has evacuated due to the situation. pic.twitter.com/Q9kUhPmpWc
— Megh Updates 🚨™ (@MeghUpdates) January 13, 2023
„Во 16.57 часот полицијата од областа Паневезис пријавила експлозија на гасовод на улицата Јонискеле во селото Виенкиемиу. Според прелиминарните податоци, нема жртви“, се вели во соопштението, пренесе РИА Новости.
Се прецизира дека отворениот пламен достигнува 50 метри во висина.
Гинтаутас Гегузинскас, градоначалник на регионот Пасвали, потврди за радио ЛРТ дека гасовод под висок притисок експлодирал во близина на автопатот Пасвалис-Шаулиај.
„Во близина нема станбени згради, но никој не знае од кое растојание ќе биде неопходно да се евакуираат жителите“, рече тој.
Според Гегузинскас, на лице место работат специјалци, а сообраќајот е привремено во прекин.