Синдикатот на рафинери во Франција повика на штрајкови во јануари и февруари

Од:

Синдикатот во францускиот нафтен сектор денеска повика на штрајк во јануари и февруари во знак на протест против најавената пензиска реформа. Штрајкот ќе го зголеми ризикот од потешкотии во снабдувањето со гориво како што беше случајот во септември кога се одржаа штрајкови и протести.

Синдикатот ЦГТ повика на штрајк на 19 и 26 јануари, како и на 6 февруари и нагласи дека постои можност да се затворат рафинерии. Штрајкот во рафинериите треба да почне на 19 јануари. За тоа време е најавен штрајк во сите сектори, но и протести.

Француската влада пред два дена ја претстави пензиската реформа со која, меѓу другото, се предвидува поместување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

Најавената реформа навестуваше протести во Франција бидејќи речиси секогаш кога се зборуваше за поместување на старосната граница за пензионирање, во таа држава се организираа демонстрации.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна