Во вторникот вечерта Никола Н.(88) го убил својот цимер Никола В.(86) во Дом за стари лица во Белград. Според Нова.рс, осомничениот го обвинил претходно убиениот пензионер дека му го украл мобилниот телефон, а потоа со истиот го тепал додека не го убил.
Осомничениот кобната вечер со телефонот го удирал цимерот по глава, додека не го убил. Кога дошле лекарите, можеле само да констатираат смрт.
Напаѓачот, наводно, прво седнал на жртвата на нозете и почнал да го удира со тупаници, а потоа го грабнал мобилниот телефон и со него почнал да го удира по главата. Плачот на жртвата го слушнала медицинска сестра која притрчала и се обидела да го заштити нападнатиот Никола В., но напаѓачот ја оттурнал и ја удрил, а потоа продолжил да го тепа цимерот.
Медицинската сестра истрчала да побара помош, која, за жал, пристигнала предоцна.