Премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки денеска изјави дека Хрватска е пример дека воведување на еврото за време на инфлација е долевање на масло на огнот бидејќи во земјата настана хаос, а во Полска воведувањето на еврото би предизвикало инфлација поголема од сегашните 16 отсто.
– Инфлацијата во Полска пристигна од надвор, беше увезена. Тоа е поврзано и со војната во Украина. Хрватска, која го прифати еврото, сега е соочена со хаос во цените, зголемување на цените на горивото. Инфлацискиот хаос кај Хрватите е многу сериозно предупредување за нас, посочи Моравјецки.
Тој истакна дека Полска нема намера да се откаже од флексибилните механизми на економската политика и дека првата цел е платите на Полјаците да стигнат до платите во побогатите западноевропски земји.
– Дури тогаш можеме да разговараме за промените во монетарната политика, наведе Моравјецки.
Извор: МИА