(ВИДЕО) Јајоска: Славески да ја прифати иницијативата на СДСМ за борба против загадениот воздух

Од:

„Советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за свикување вонредна седница за загадувањето во главниот град. На иницијативата поддршка дадоа и советниците од политичките партии ДОМ и ЛДП. Покрај ова, предлагаме и конкретни мерки кои имаат за цел намалување на загадувањето“, рече Рената Јајоска, советничка во Советот на Град Скопје.

„Преку мерките, бараме: Итно зголемување на бројот на автобуси на сите линии во јавниот градски превоз; Воведување бесплатен превоз за сите граѓани во Скопје; Зголемување на средствата за борба против загадувањето од градскиот Буџет; Финансиска помош за училиштата за адаптирање на системот за затоплување на еколошки енергенси; Изготвување акциски план за чистење на сите депонии во Скопје; Миење на улиците и јавните површини со цистерни; Безусловно интензивно постапување на инспекторите во вршењето на својата должност.

Одбивањето на иницијативата од страна на ВМРО-ДПМНЕ е доказ дека оваа партија мисли само на тендери и провизии.

Затоа, денес, го повикуваме претседателот на Советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески, да ја прифати иницијативата и да закаже седница на која ќе се дискутира за енормното загадување што веќе со недели му се случува на Скопје.

Енормното загадување е проблем за сите жители на Скопје, а усвојување на мерки за негово намалување треба да биде врвен приоритет за градска власт.

ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Данела Арсовска да не тераат инает, туку веднаш да преземат мерки за намалување на аерозагадувањето.

Кога станува збор за здравјето на сите граѓани, нема и не смее да има простор за каква било дневна политика“, изјави Рената Јајоска, советничка во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања