Повремениот македонски репрезентативец Ферхан Хасани својата кариера ќе ја продолжи во данскиот фудбалски клуб Брондби.
– Знам дека клубот во кој доаѓам немаше сјајни резултати минатите неколку години, но сега е нов почеток и е потребно време да се врати на старите патеки. Тоа е млад тим со голем потенцијал и верувам дека ќе можам да помогнам во остварување на целта. Возбуден сум поради новиот предизвик, изјави македонскиот фудбалер за официјалниот сајт на данскиот клуб.
Тој додаде дека Брондби го одбрал покрај неколкуте други понуди поради тоа што верува дека ќе биде среќен во новата средина.
23-годишниот Хасани синоќа непосредно пред истекот на преодниот рок, направи трансфер во Брондби, по неуспешниот престој во бундеслигашот Волфсбург каде не доби вистинска шанса да ги покаже своите квалитети.