ВМРО-Народна партија остро се спротивставува на иницијативата предложена од Стопанската комора за увоз на отпад за согорување како алтернативно гориво.
„Сметаме дека индустријата доби доволно субвенции за овие години и во време на ковид кризата и војната во Украина и дека нема потреба од повторно менување на законот од 2020 година кога целосно се забрани секаков увоз на отпад за користење како алтернативно гориво за согорување“, известуваат од ВМРО-НП.
Од ВМРО-Народна партија велат дека нема да поддржат во парламентот никаква измена на постоечкиот Закон.