Дачиќ: Србија и Хрватска мора да се договорат за прашањата на сегашноста и иднината

Од:

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека Србија и Хрватска мора да се договорат за прашањата на сегашноста и иднината и дека треба да ги решат работите поврзани со минатото на најдобар можен начин.

Дачиќ, кој го посети Загреб во пресрет на Божиќ со цел да ги затоплува односите меѓу двете земји, изјави за белградски медиуми дека официјален Белград „прв и подаде рака“ на Хрватска и дека, како што додаде, ќе се види како односите ќе се развиваат понатаму.

Тој оцени дека тука е прашањето „кој што сака“ и посочи дека е потребно да се бара заеднички интерес.

„Покрај сите наши меѓусебни разлики, треба да се договориме за прашања кои се однесуваат на сегашноста и иднината и да ги решаваме работите за минатото на најдобар можен начин“, рече Дачиќ, но додаде дека „за жал, не е оптимист”, пренесе Бета.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он