Макрон сака да го реформира пензискиот систем, синдикатите се против

Од:

Владата на францускиот претседател Емануел Макрон се обидува да ја заживее неговата иницијатива за економски реформи и да постигне голема политичка победа оваа недела со почнување реформа на пензискиот систем наспроти жестокото противење на синдикатот.

Француската премиерка Елизабет Борн утре ќе ги изнесе деталите за плановите за најверојатно зголемување на старосната граница за пензионирање во Франција на 64 или 65 години од 62.

Преминувањето на реформата низ Парламентот, според француски медиуми, нема да биде лесно. На Макрон му недостига мнозинство и ќе мора да придобие неколку десетици конзервативни пратеници или да ги искористи уставните овластувања за да го заобиколи Собранието, што би ја налутило опозицијата.

Со една од најниските старосни граници за пензионирање во индустријализираните земји во светот, Франција троши повеќе од повеќето други земји на пензии, речиси 14 отсто од економското производство, според податоците на Организацијата за економска соработка и развој.

Пензиската реформа во Франција, каде правото на целосна пензија се стекнува од 62-годишна возраст, отсекогаш била чувствителна тема, особено сега со растечкото незадоволство поради зголемените трошоци за живот.

Владата наведува дека реформата е неопходна за да се обезбеди финансирање на пензиите во наредните години.

„Целта е да се постигне рамнотежа без зголемување на даноците или намалување на пензиите. Има различни опции на маса, но сите тие вклучуваат зголемување на старосната граница за пензионирање“, изјави портпаролот на француската влада Оливие Веран.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт