Најмалку 40 луѓе загинаа, а многумина се тешко повредени во автобуска несреќа што се случи денеска во центарот на Сенегал. Се судрија два автобуса.
Je suis profondément attristé par le tragique accident routier de ce jour, à Gniby, occasionnant 40 morts et de nombreux blessés graves. J’adresse mes condoléances émues aux familles des victimes et souhaite prompt rétablissement aux blessés.
— Macky Sall (@Macky_Sall) January 8, 2023
„Длабоко сум тажен поради трагичната сообраќајна несреќа во Гниби во која загинаа 40 лица, а многумина беа тешко повредени. Испраќам искрено сочувство до семејствата на жртвите и им посакувам на повредените брзо закрепнување“, напиша сенегалскиот претседател Меки Сал на Твитер.
Причината за несреќата се уште не е позната. Во земјатаа е прогласена тридневна жалост.