21-годишниот фудбалер на ФК Новаци Стефан Петровски почина денеска потврди клубот. Голем дел од македонските фудбалски клубови вечерва изразуваат сочувство и се простуваат од младиот фудбалер.
Детали за причините за смртта нема освен дека се работи за трагична несреќа. Петровски беше еден од најдобрите фудбалери на ФК Новаци, претходно во кариерата беше дел од Академија Пандев и од Пелистер.