Поранешниот Папа Бенедикт Шеснаесетти е погребан во базиликата Св. Петар, соопшти Светата столица по погребната миса. Ковчегот со телото на папата роден во Баварија е пренесен од плоштадот Св. Петар во Рим во криптата на базиликата.
Јавноста беше исклучена од тој дел од погребот. Џозеф Рацингер – роденото име на Бенедикт – сега лежи во гробот на неговиот полски претходник Јован Павле Втори, чии останки беа преместени на друго место во црквата пред неколку години.
Во ковчегот има и други предмети, како текст за неговиот живот и понтификат. Околу 50.000 верници присуствуваа на погребот на плоштадот св. Петар, која ја предводеше актуелниот папа Франциско, велат од Ватикан.
Бенедикт, светски познат теолог, почина во саботата на 95-годишна возраст во манастир во ватиканските градини, каде што се преселил откако станал првиот папа во последните 600 години што поднесе оставка.