Русија го рестартираше производството на автомобилската марка „Москвич“

Од:

По 20 години пауза, Русија го рестартираше производството на автомобилската марка „Москвич“ со нов, модерен кинески дизајн кој едвај наликува на класиката од советската ера.

Производството започна во фабрика во близина на Москва, која беше напуштена од француската компанија Рено. Додека последниот модел на Москвич беше, според британската агенција, неимагинативна лимузина со три врати (хечбек), Moskvich 3 е хечбек кросовер со целосна големина со бензински мотор, алуминиумски тркала, тесни фарови со LED светла и голема инструмент табла со екран на допир.

Новиот Moskvich, според Reuters, изгледа идентично со компактниот кросовер Sehol X4 произведен од кинеската компанија JAC, познат и како JAC JS4.

Соговорниците на британската агенција велат дека дизајнот, инженерството и платформата на JAC се користат за производство на овој руски бренд, а делови се набавуваат од Кина.

Во мај, Рено го продаде својот мнозински удел во автомобилската компанија „Автоваз“ на руската држава, наводно, за само една рубља, но со опција да го откупи тој удел по шест години. Францускиот производител на возила ја продаде и својата фабрика во Русија за уште една рубља, која сега е преименувана во автомобилска фабрика во Москва Москвич.

Со оглед на тоа што се очекува да бидат произведени само 600 возила оваа година, новиот автомобил веројатно нема да ја промени мрачната перспектива за пошироката руска автомобилска индустрија, која би можела да ја заврши годината со продажба под 1,0 милиони единици за прв пат во модерната историја на Русија.

Крајната цел на владата е да произведува 100.000 возила Москвич годишно, од кои некои ќе бидат електрични модели, што е далеку под просекот во индустријата на некои фабрики за автомобили од 200.000-300.000 единици. „Тесла“, на пример, произведува 22.000 автомобили неделно во фабрика во Шангај.

Министерот за индустрија и трговија Денис Мантуров во изјавата изјави дека „задачата е во блиска иднина да се воспостават процеси на склопување на мали печатени кола за автомобили со учество на локални добавувачи до крајот на 2023 година“, пренесе Танјуг.

Министерството објави дека започнувањето со целосно производство ќе обезбеди работа за уште околу 40.000 луѓе. Овој автомобил, се додава, ќе биде пуштен во продажба во Русија следниот месец.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска