Маж (62) денеска околу пладне починал на Космај (Србија) откако бил искасан од кучиња, а во инцидентот е повредена и неговата сопруга.
Според полицијата, тој се шетал во Велика Иванча, која припаѓа на општина Младеновац, кога околу 12.15 часот бил нападнат од глутница кучиња скитници.
Од српската полиција додаваат дека мажот набрзо искрварил до смрт и починал, а неговото тело е однесено на обдукција, пренесува Танјуг.
Се додава дека тешко е повредена и неговата сопруга, која мажот ја повикал по нападот.