Во „БМВ“ биле сокриени 12 мигранти

Од:

Денеска во реонот на село Богородица, гевгелиско, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало и продолжило со движење.

Набргу, на автопатот А1, во правец кон Скопје, на место викано „Мрзенска река“, возилото било пронајдено запрено, а во него се пронајдени 12 лица мигранти, од кои девет од Сирија и три од Пакистан.

Мигрантите биле сместени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Администрацијата на Трамп депортира речиси 13.000 мигранти во Мексико

Кај грчката граница откриени мигранти од Виетнам, уапсен e шверцерот

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

Шест мигранти затекнати во автомобил, возачот заврши во полициска станица

Горан Наумовски

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија