Српскиот државјанин Д.Г. (55), по потекло од Трстеник, на новогодишната ноќ под се уште неразјаснети околности бил пронајден мртов во Бугарија.
Тој сам патувал во таа земја и изнајмил соба во мал локален хотел.
Според досегашните информации тој излегол на прошетка, а го нашле мртов.
Според сознанија се истражува дали се работи за самоубиство или несреќен случај.
Телото на Д.Г. моментално се уште е во Бугарија каде семејството чека да го идентификува и потоа да го преземе.