Тројца уапсени за „Фристајлер“, меѓу нив и еден грчки државјанин

Од:

Три лица се уапсени, меѓу кои има и грчки државјанин, поради инцидентот на сплавот „Фристајлер“ на новогодишната ноќ кога тој објект почнал да тоне.

Уапсени се грчкиот државјанин, инаку сопственикот на сплавот Димитриос Љапис, менаџерот Дарко Вељовиќ и директорот Марко Радуловиќ.

Тие се осомничени за сторено кривично дело „тешко кривично дело против општата безбедност“. За ова дело е предвидена казна затвор од една до осум години.

Да потсетиме, само неколку минути по полноќ на 1 јануари „Фристајлерот“ почна да тоне. Настанала општа паника и метеж, а гостите и персоналот на сплавот успеале да побегнат.

„Фристајлер“ е пријавен за 220 луѓе, а на новогодишната ноќ, според неофицијални информации, имало најмалку 400 луѓе, се претпоставува дека на сплавот биле 500, а можеби и 600 луѓе.

Само од чиста среќа немаше жртви.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драма на стрелиште во Белград: Маж се заклучи и се заканува дека ќе се самоубие

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Скандалозно однесување на блокaдерите, нов инцидент во Нови Сад: Постара жена турната

Се урна авион во близина на Белград, пилотот е извлечен од вода

Во Белград в сабота ќе се одржи хуманитарен концерт во спомен на загинатите во Кочани

ВИДЕО: Драматични снимки од Белград: Пристигнаа уште 12 пациенти повредени во пожарот

Горан Наумовски

Авион со тешко повредени од Кочани слета во Батајница, веднаш се пренесен во болница