СДСМ: Платите и пензиите повторно ќе растат, 2023 година ќе биде подобра

Од:

Во 2023 година, успешните економски мерки и политики ќе продолжат, 2023 година ќе бде година на економски пресврт, во која платите и пензиите ќе продолжат да растат рече на прес конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– Веќе во март месец, следува покачување на пензиите помеѓу шест и седум отсто за сите 330.000 пензионери. Создадени се услови за ново зголемување на минималната плата за 10 отсто со што таа ќе изнесува безмалку 20.000 денари. Тоа ќе придонесе за усогласување, односно раст на платите во сите сектори. Во Буџетот за 2023 година, предвидени се 800 милиони евра за капитални инвестиции со што ќе се поттикне економскиот раст, кој според проценките на ЕБОР оваа година ќе биде околу 2,3 отсто. Активно се работи на привлекување нови странски директни инвестиции кои отвораат нови добро платени работни места кои ја намалуваат стапката на невработеност. Во новата 2023 година продолжува и поддршката за граѓаните за справување со последиците од кризата, за што во Буџетот се предвидени 250 милиони евра за нови антикризни мерки вели Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години