Новиот претседател на Бразил, левичарот Луис Игнасио Лула да Силва денеска положи заклетва во Конгресот.
Ова е трет претседателски мандат на Лула да Силва, објави Ројтерс.
На чело на државата беше два мандата, од 2003 до 2010 година, а на изборите во октомври го победи поранешниот претседател, екстремно десничарскиот Жаир Болсонаро.
Претходно, претставник на воената полиција објави дека бразилската полиција уапсила маж вооружен со експлозивна направа и нож, кој се обидел да влезе во областа каде што се одржала инаугурацијата на новоизбраниот претседател.