Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, денеска изјави дека, според неговите информации, причината за потонувањето на сплавот „Фристајлер“ е тоа што на него се качиле два до три пати повеќе луѓе од потребното и дека понтоните на сплавот не биле со иста издржливост како и претходните.
„Ќе се обидеме да извлечеме поука од ова, за никогаш повеќе да не се повтори и да бидат одговорни оние кои следниот пат ќе пуштат повеќе луѓе од пропишаното, а ќе треба да пропишеме да се испита квалитетот на понтонот и да се утврди јасен услов да се даде колку луѓе можат да влезат. Ќе имаме контроли, ќе има драконски казни, ќе одговараат кривично, без разлика дали нешто ќе се случи или не“, нагласи Шапиќ во изјавата за новинаритe.
Шапиќ додаде дека му било кажано дека во инцидентот на сплавот „Фристајлер“ две девојки биле полесно повредени.