Препораки за заштита од загадениот воздух во празничниот период

Од:

Прекинат е прагот на алармирање во Скопје поради загадувањето, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање. Со ова прекинуваат да важат и мерките за заштита. Од МЖСПП издадоа и препраки за празничните денови бидејќи како што велат во наредните денови временските услови навестуваат зголемена концентрација на ПМ10 честичките.

Министерството за наредните денови препорачува да не се користат возила без поголема потреба; повеќе лица да се возат со едно возило во исто време; да се користи јавниот превоз; да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и каков било синтетички материјал; правилно да се користат печките за дрва.

Од Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје препорачуваат најранливата популација (деца, стари лица, болни од хронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од белодробна астма) да го ограничат движења и активности на отворен простор во загадените зони на градот.

Би можело да ве интересира

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

Изгаснат е пожарот во Трубарево кој со денови ги труеше жителите на Гази Баба и на Аеродром