Следниот Избор за песна на Евровизија, чиј домаќин ќе биде Данска, ќе се одржи во Копенхаген од 6 до 10 мај 2014 година.
Како што е соопштено на официјалната интернет страница на Евросонгот, натреварувањето ќе се одржи во копенхагенската сала „B&W“.
Организацијата на Евросонгот 2014 на Данска и го донесе Емели де Форест, која победи на овогодишниот Избор за песна на Евовизија, што се одржа во шведскиот град Малме.