РКЕ ја намали цената на струјата за да не се почувствува враќањето на ДДВ од пет на десет отсто

Од:

Регулаторната комисија ги намали цените на електричната енергија во првите два блока за домаќинствата, како и за малите потрошувачи, но цените се објавени без ддв-то кое од 1 јануари ќе врати од пет на десет отсто.

Со новата одлука на РКЕ која ќе важи од Нова година вкупната цена за електрична енергија на малите потрошувачи се намалува за 20,15% и таа цена ќе се применува за 70.000 компании во земјата. Кај домаќинствата цената на струјата за првиот блок се намалува за 4,11%, за вториот блок се намалува за речиси 2,95%, цената за третиот блок се корегира и се зголемува за 0,85% а за четвртиот блок се зголемува за 7,6%.
– Ова е конкретна мерка која носи значително намалување на трошоците за струја како што мали дуќани, фризерници, мали кафулиња, на оние кои им треба помош. 99% од домаќинствата ќе имаат намалени цени на електрична енергија. Доколку продолжат да штедат, многу мал процент ќе имаат повисоки сметки. Со овие одлуки цената за пренос на електрична енергија за 8,66%, цената за дистрибуција се намалува за 19,54%. Тоа е дополнителна помош и за компаниите на слободниот пазар затоа што нивните трошоци за мрежарина се намалуваат речиси за 20 отсто – рече претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Цената на првата блок тарифа сега ќе биде 4,73 за енергија и цена за мрежа е 2,68 денари или вкупно 7,41 денар по киловат-час. За вториот блок сега изнесува 7,84 денари по киловат-час, цената за третиот блок сега ќе изнесува 8,74 денари и цената за четвртиот блока сега е 18,81 денар.
Евтината тарифа претходно беше 3,99 денари, сега изнесува четири денари. За малите потрошувачи во скапа тарифа сега ќе изнесува 13,73 денари по киловат-час, а евтината тарифа 10,78 денари.
– Во време на енергетска криза направивме максимални напори да им помогнеме. Просечната цена за домаќинствата со вклучена мрежарина изнесува 98 евра за мегават-час. Овие цени се без ддв-то кое од Нова Година се враќа од пет на десет отсто со што. 0,61%. За првите три блока, зголемувањето на ддв-то од пет на десет отсто нема да влијае врз цената на струјата – додаде Бислимоски.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

До крајот на годинава ќе нема дополнителен час евтина дневна тарифа

Горан Наумовски

Бислимовски: Цената на парното греење во Скопје ќе биде стабилна до следното лето

Грејната сезона почнува на 15 октомври, Регулаторна апелира да се платат сметките и да се проверат инсталациите

Катерина Ѓуровски