Меркел се уште се надева дека ОН ќе постигне заеднички став за Сирија

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска повторно изрази надеж дека ОН ќе успеат да усогласат заедничка политика за Сирија и покрај спротивставените ставови меѓу Западот од една и Русија и Кина од друга страна.

По одлуката на американскиот претседател Барак Обама да ја одложи воената интервенција и да побара одобрение од Конгерсот, Меркел истакна дека „треба да се искористи тоа време“.

– Се трудиме да поситгнеме успех во ОН. Се надеваме дека сега постои шанса и сме решителни да го направиме, изјави во Берлин портпаролот на германската Влада, Штефен Зајберт.

Истовремено, тој нагласи дека за време на телевизискиот дуел Меркел и нејзиниот главен противкандидат Пеер Штајнбрук ја отфрлиле можноста за испраќање германски војници за операција во Сирија.

– Германија во ниту еден случај нема да учествува во евентуална воена операција, увери Зајберт.

Ситуацијата во Сирија ќе биде една од темите на средбата на Г-20 во Санкт Петербург.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија