Обвинет уапсениот за убиството на Курдите во Париз, не престануваат демонстрациите на курдската заедница

Од:

Истражниот судија ја задржа отежнувачката околност расизам во обвинението за убиство и обид за убиство против Вилијам М., а во понеделникот му ја потврди привремената мерка затвор. Курдската заедница сè уште смета дека станува збор за „терористички чин“, јави дописникот на МИА од Париз.

Вилијам М., 69-годишниот маж осомничен за убиство на тројца Курди во петокот на 23 декември во Париз, беше обвинет и задржан во затвор во понеделникот. Овој пензиониран машиновозач беше изведен пред истражен судија, кој го обвини за „убиство и обид за убиство врз основа на расна, етничка припадност, нација или вера“, како и за „неовластено набавување и поседување оружје“, посочи судски извор.

Чуван од придружба од петмина полицајци, седумдесет годишникот со кратка сиво-бела коса и масивна градба го потврди својот идентитет, а потоа и согласноста за сослушување зад затворени врати. Тој треба да биде држен во самица и под посебен надзор поради самоубиствените мисли изразени за време на полицискиот притвор.

Агит Полат, портпарол на Курдскиот демократски совет во Франција, рече дека Курдите не се заштитени. „Живееме и работиме во Франција, во демократија, под владеење на правото. Но, ние Курдите не сме заштитени. Тројца наши пријатели беа егзекутирани. Знаеме дека ова е терористички чин, а не расистички. Ќе продолжиме да се бориме и да ја бараме вистината“, рече Полат.

Градоначалничката на округот Александра Кордебард рече дека три лица загинаа како резултат на „омраза и отфрлање еден од друг“.

Турската влада во понеделникот го повика францускиот амбасадор во Турција за да го изрази своето „незадоволство“ поради, како што посочи, „започнатата антитурска пропаганда од круговите на ПКК во Франција“.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт