ВИДЕО: „Мерцедесот на Груевски“ се вози, но се крие колку се троши за сервисирање – ништо од ветувањата за продажба и амбулантните возила

Од:

Владата не само што не го продаде луксузниот мерцедес на Никола Груевски, туку и постојано троши пари за негово сервисирање. Ако во минатото се криеше дека автомобилот се управува, сега, Владата и сама признава дека превезува делегации. Но оттаму кријат, колку средства се издвоиле во 2020, 2021 и 2022 година за ова возило да биде технички исправно и навремено сервисирано. За „мерцедесот на Груевски“, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска опслужува затворска казна од четири години, исто како и помошникот министер Ѓоко Поповски, а Никола Груевски како поттикнувач за купувањето на две години.

„Предметното возило подлежи на одржување и сервисирање во сервисни интервали за редовно одржување и сервисирање на ваков тип на возило, пропишани од страна на производителот. Износот на истите (сервисирањето и одржувањето) е варијабилен во зависност од искористеноста на возилото во периодот кој претходи на сервисот“, велат од Владата за „А1он“.

Оттаму додаваат дека немаат ниту намера да го продадат луксузниот „мерцедес“ за кој имаше ветување од експремиерот Зоран Заев кој кажа: „Ќе го вратиме Мерцедесот на Груевски, и со тие пари ќе набавиме амбулантни возила за клиниките во Македонија“.

„Што се однесува до иднината на возилото, Ве известуваме дека согласно пројавена потреба, истото во сегашниот период се користи за превоз на високи странски претставници при посета во Република Северна Македонија“, додаваат оттаму.

Кога прашавме, колку пари на годишно ниво се трошат на одржување на „мерцедесот“, од Владата нѐ препратија во СОЗР. А од СОЗР, скоро еден месец молк. Не откриваат колку чини редовното сервисирање и менувањето на деловите.

Од МВР признаваат дека „мерцедесот на Груевски“ го има највиското ниво на безбедносни стандарди. Иако децидно не наведуваат дека со него го превезувале претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, тоа може да се заклучи од одговорот.

„…При обезбедување на шефови на странски држави, за време на нивниот престој во земјава, мерките и активностите за обезбедување се квалификуваат како мерки од прв степен, меѓу кои мерки, возилото во кое се превезува личноста е потребно да има највисоко ниво на безбедносни стандарди, што во случајов беше побарано од СОЗР“, велат од МВР за „А1он“.

Овој „мерцедес“ беше десетици пати зборуван на трибни на СДСМ. На секоја одделно, со ветување дека ќе се продаде, а парите ќе се потрошат за граѓаните.

„..Вечерва ви најавувам, ќе го вратиме тенкот, мерцедесот на Груевски од 600 илјади евра и со парите од неговата сегашна вредност ќе набавиме абулантни возила за клиниките во Македонија. Нека биде ова симбол на новото време во кое ставаме крај на расипничко трошење и воведуваме социјални политики согласно потребите на граѓаните“, кажа Заев во октомври 2017 година, неколку денови пред локалните избори.

Влатко Илиевски, сопруг на осудената Гордана Јанкуловска која е во затвор поради набавката „мерцедесот“, посочи дека таа не чувствува гнев и нервоза кога слуша дека возилото и натаму се користи, што значи дека државата имала потреба од него.

„На нас од старт ни е јасно дека целата постапка за мерцедесот беше фарса, еден прогон кој имаше за цел да се тргне таа од политичката сцена, да се дискридитира, омаловажи. На Гордана и е јасно која е позадината. Не е до тоа дали била оправдана или неоправдана набавката на мерцедесот. И во судот не беше спорно дека набавката е оправдана…“, кажа Илиевски во интервјуто за „А1он“.

Во јуни 2016 година, беше првото и последно прикажување на „мерцедесот на Груевски“ пред медиумите. Тој чини скоро 600.000 евра, има високо ниво на опрема. Последно за кое знае јавноста, а поврзано со сервисирање на „мерцедесот“ е дека СОЗР при Владата, склучи договор од 53 илјади евра, за да му промени гуми.

Би можело да ве интересира

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба

Украинскиот амбасадор во Германија ја поздрави „големата тенковска коалиција“

А1он

Британско разузнавање: Москва испраќа нови тенкови на бојното поле, војниците не ги сакаат

Варшава очекува брзо одобрение од Берлин за испраќање тенкови во Украина

А1он

Германија ќе и испрати седум тенкови „Гепард“ на Украина

А1он

Украина: Убивме 780 руски војници во еден ден, уништени 2801 руски тенк

А1он