Советникот на Зеленски: Кремљ е отворен за преговори затоа што сака да ги прегрупира своите сили

Од:

Александар Родњански, советник на претседателот Володимир Зеленски, рече дека руската влада едноставно се обидува да купи повеќе време. Тврдењата на Кремљ дека се отворени за разговори беа изнесени затоа што на руските сили им „треба повеќе време да се регрупираат и обноват“, изјави украински функционер за Си-Ен-Ен.

„Агендата им тргна ужасно наопаку и тие го знаат тоа, така што им треба повеќе време да се регрупираат и да ги обноват своите трупи“, додаде тој. Рускиот претседател Владимир Путин во текот на викендот изјави дека Русија е отворена за разговори за војната во Украина и го обвини Киев и неговите западни поддржувачи за недостигот на разговори, што Вашингтон претходно го отфрли.

Украинскиот министер најави мировни преговори пред крајот на февруари

„Подготвени сме да преговараме со сите инволвирани за прифатливи решенија, но тоа зависи од нив – не сме ние оние кои одбиваат да преговараат, тие одбиваат“, изјави Путин за руската државна телевизија Росија 1, според Скај њуз.

Вчера, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави за Асошиетед прес дека земјата има намера да одржи мировни преговори до крајот на февруари. Тој додаде дека тоа најверојатно ќе биде во Обединетите нации, со генералниот секретар Антонио Гутереш како можен посредник.

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Зеленски: Украина нема доволно сила

Зеленски: Кој ќе и помага на Русија ќе му се одзема се

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп