(ВИДЕО) Мијалков донесен во судот: Прашан дали доаѓа од Мериот или од затворот во Струга

Од:

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков во придружба на полицаец дојде во Кривичниот суд во Скопје. Тој беше спроведен пешки, а комбето на затворската полиција од Струга, не беше позади зградата на Кривичен суд, каде на паркингот секогаш се симнуваат затвореници, по што се спроведуваат во судница.

На прашање од екипата на „А1он“ до Мијалков, дали доаѓа од хотелот Мериот или затворот во Струга, тој реши да не одговори.

Прашан како успеал да го надмудри целиот судски систем, и од 20 години затворска казна, сите пресуди да се укинат и да има само три, Мијалков не даде одговор и влезе во судот. Тој на скалите во судот се сретна со Мендух Тачи кој е исто така обвинет за случајот, со кој се поздрави, по што заедно влегоа во судницата.

На минатото рочиште за Титаник 2, Мијалков не беше спроведен од затворот во Струга поради грешка во наредбата за спровод направена во судот. За ова имаше и низа препукувања помеѓу судијата Огнен Ставрев и затворот во Струга.

За разлика од сите затвореници кои во судот се спроведуваат со лисици, Мијалков дојде без нив.

„А1он“ побара став и од Управата за извршување санкции, дали ако се погледнат видео записите од надзорните камери на затворот, ќе може да се воочи и присуството на Мијалков. Оттаму, пет дена – нема одговор.

Би можело да ве интересира

Мијалков утрово го напушти струшкиот затвор, бил примерен затвореник

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски