ВИДЕО: Авганистанките излегоа на протест, талибанците ги растераа со водени топови

Од:

Десетици девојки и жени, главно студентки, излегоа денеска на улиците на западниот авганистански град Херат во неделата на протест против забраната на талибанската влада за образование на жените.

Демонстрантите, поделени во помали групи, извикуваа „образованието е наше право“ и се собраа пред канцеларијата на гувернерот на провинцијата, изјави една од учесниците на протестот за германската новинска агенција ДПА.

Талибанските сили се обидоа да ги растераат со водени топови, стапови и палки, рече друга демонстрантка. На снимката од настанот се гледа како пожарникарско возило ги полева демонстрантите со вода, која се чини дека била измешана со некои хемикалии.

Одлуката на Талибанците да им забрани на девојчињата и жените да посетуваат училишта и универзитети наиде на силна меѓународна критика.

Министерот за високо образование на Талибанците рече дека забраната за универзитетско образование на жените е воведена поради фактот што студентките не се придржуваат до строгите правила за облекување, присуствувале на предавања без машки роднини и се мешале со студенти.

Жените и девојчињата се главно исклучени од јавниот живот откако Талибанците ја презедоа власта во август минатата година.

Би можело да ве интересира

Талибанците им забранија на жените да работат во невладини организации

Талибанците им забранија на жените да посетуваат универзитети

Талибанците им забранија на Авганистанките да одат во забавни паркови

ОН ги повикуваат талибанците да ги ослободат приведените активисти за правата на жените

Една година подоцна, ЕУ ги критикува Талибанците за злоставување на авганистански жени и девојчиња

ВИДЕО: Талибанците брутално ги растераа жените кои протестираа за „леб, работа и за слобода“

Катерина Ѓуровски