Скопје утрово е на етвртата позиција на листата најзагадени градови во светот. Според податоците во главниот град утрово се измерени 190 микрограми на кубен метар ПМ 2,5 честички. Пред Скопје се Дели во Индија, Акра во Гана и Лахор во Пакистан.
Концентрацијата на 2,5 честичките е 26,3 пати поголема од вредноста за квалитет на воздух што ја пропишува Светската здравствена организација.
Вчера наутро Скопје беше на деветтата позиција на листата, вчеравечер напредуваше на петтото место. Поради надминување на прагот на алармирање во Скопје и уштне неколку градови во сила се препораките и мерките за заштита.