ФОТО: Градоначалникот Заев ги поздрави првачињата и им посака успешна година

Од:

Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев денеска присуствуваше на приредбата што во чест на првачињата се одржа пред Домот на АРМ во Струмица. Откако им го честита првиот училишен ден, им посака многу успех во учењето и безгрижен детски живот.

– Од денес започнува вашата трка по знаења во која од ден на ден ќе бидете се побогати и побогати. Колку ќе бидете вредни, упорни и истрајни во таа трка, толку ќе успеете да станете почитувани и ценети граѓани на Струмица и на Република Македонија. Но, за да го постигнете тоа, за да ги откриете сите тајни на математиката, македонскиот јазик, запознавањето на околината, музичкото, ликовното и физичкото образование, треба редовно да ги исполнувате вашите училишни задачи и да бидете вредни, активни и дисциплинирани ученици. Треба да ги почитувате и слушате вашите наставници, затоа што тие ви го мислат најдоброто, затоа што учителката е вашата втора мајка.

prvacinjaZaev (3)

– Јас не се сомневам дека ќе биде така, бидејќи како што ве гледам, сите вие до еден сте прекрасни и умни деца. Првото училишно ѕвонче е само вовед во првата научена буква, првото напишано зборче, првата научена песничка, првата решена задача и уште многу други нешта. На тој начин ќе се стекнувате со нови знаења кои за вас ќе бидат од непроценливо значење. Затоа, бидете горди што тргнувате во училиште. Бидете горди што сте првачиња, рече во својот поздравен говор пред првачињата, нивните родители и наставниците, градоначалникот Заев.

prvacinjaZaev (1)

Инаку, во деветте основни училишта во општина Струмица денеска новата учебна 2013/2014 година ја почнаа 561 прваче, а најавено е запишување на уште 70 од турската националност. За прв пат во клупите на трите средни општински училишта денеска седнаа и 1.000 завршени осмоодделенци.

Во сите основни и средни училишта во општина Струмица новата учебна година стартуваше без проблеми, бидејќи сите подготовки беа навремено завршени.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ: Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ