СДСМ: 60-тина наставници и професори од Охрид со отказ на првиот училишен ден

Од:

Денеска околу 60-тина стручни, искусни и посветeни наставници и професори од основните и средните училишта во Охрид се на непрофесионален, недостоинствен и неколегијален начин отстранети од наставно-образовниот процес реагираат од ОО на СДСМ во Охрид.

„На 38 наставници од основното образование и на 20 професори од средното, со повеќегодишно работно искуство не им се продолжени договорите за времено ангажирање. Не затоа што се нестручни, неискусни и не ги задоволуваат потребните критериуми, туку само затоа што биле ангажирани од страна на претходната локална власт.

– ВМРО-ДПМНЕ со тоа покажа дека партиските интереси и се пред интересите на учениците, родителите,и образовните институции. Владеачката партија исто така на најдрзок начин си поигра со достоинството, дигнитетот и професионалниот интегритет на отпуштените наставници и професори, кои до последен момент беа држани во незивесност дали договорите што им истекуваат на 31.08.2013 година ќе им бидат продолжени. Надеж за тоа им беше дадена со тоа што беа вклучени во креирањето на плановите и распоредите во наставниот процес за новата учебна 2013/2014 година“, велат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ овие луѓе на првиот училишен ден од учебната година ги пречекаа ненајавени отпуштања.

„Ова е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ којашто партизира се што може во државата водејки се исклучиво од лични тесно-партиски интереси. Со тоа јасно покажуваат дека грижата за учениците, наставниците и наставно-воспитниот процес во градот им е на последно место. О.О на СДСМ од Охрид во текот на денот за ова ќе ги информира сите релевантни меѓународни институции и здруженија во државава“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство