САД: Северна Кореја им испрати оружје на руските платеници

Од:

Американското разузнавање соопшти дека Северна Кореја испратила оружје за платеничката група Вагнер. Се додава дека оваа испорака најверојатно нема да има големо влијание врз ситуацијата на првата линија. Овој извештај го потврди портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби.

Неименуван висок американски функционер за Ројтерс изјавил дека Северна Кореја ја извршила првичната испорака на оружје за групата Вагнер, односно дека минатиот месец и испорачала крстаречки ракети и ракети на Русија за употреба од платеничката група.

САД се загрижени поради тоа што Северна Кореја планира да достави повеќе воена опрема за Вагнер. Американските власти веруваат дека оваа испорака на оружје е директно кршење на резолуциите на Советот за безбедност на ОН и планираат да го покренат ова прашање пред Советот.

Би можело да ве интересира

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа