Амазон постигна договор со ЕУ, избегна казна

Од:

Амазон денеска постигна спогодба со Европската унија за три истраги бидејќи се согласи да ги промени практиките што предизвикаа загриженост и на тој начин да избегне казна што може да изнесува 10 отсто од вкупниот годишен приход.

Во првиот случај, Амазон беше обвинет дека ја користи својата големина, моќ и податоци со кои располага за да им даде предност во продажбата на сопствените производи, што е неправедна предност во споредба со конкурентите кои исто така користат Амазон.

Европската комисија отвори истрага во јули 2019 година, обвинувајќи го Амазон дека ги користи податоците на независните клиенти за да ја подобри сопствената понуда, со што директно ѝ штети на конкуренцијата. Амазон се согласи да ги промени своите практики и повеќе нема да користи податоци за продавачите.

– Комисијата ги прифати обврските на Амазон, објави на прес-конференција европската комесарка за конкуренција Маргрет Вестагер.

Во друг случај, Aмазон се согласи да воспостави втора продажна кутија наречена „buybox“ за конкурентен производ доколку тој производ значително се разликува по цена и време на испорака од оној што се нуди.

Во третиот случај, Комисијата отвори истрага сомневајќи се дека Амазон им дава повластен статус на продавачите кои ги користат услугите за логистика и испорака на Амазон. Амазон сега се согласи дека продавачите на Амазон Prime можат да изберат свои услуги за логистика и испорака што се разликуваат од оние избрани и одобрени од Амазон.

– Иако сè уште не се согласуваме со неколку заклучоци на Европската комисија, ние сме посветени конструктивно да продолжиме да им служиме на клиентите во Европа, рече портпаролот на Amazon.

Обврските што ги презеде Amazon остануваат во сила седум години во однос на Prime категоријата и воспоставувањето на втората понуда „Buybox“, а останатите обврски ќе важат пет години. Под надзор на Комисијата независно тело ќе го следи спроведувањето на преземените обврски“, беше речено на прес-конференцијата.

Амазон се обврза да воведе централен систем за поплаки за сите продавачи и превозници доколку имаат поплаки за непочитување на одредени прописи.

Комисијата би можела да го казни Амазон со казна од десет отсто од вкупниот годишен приход на компанијата во случај на прекршување.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Хаос во најава: Вработените во Амазон ќе штрајкуваат на црн петок

A1on

Поглавар од Амазон: Реките пресушуваат, температурите се високи и има малку дожд

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Шулце: Германија ќе вложи 222 милиони долари за заштита на амазонската прашума

„Амазон“ затвора три магацини во Велика Британија, ќе отпушти 1.200 вработени

А1он

Амазон планира да отпушти повеќе од 18.000 работници